КОЕ Е ЗНАЧЕНИЕТО НА “ГОСПОДИ ПОМИЛУЈ”

Милоста Божја е благодатта на Светиот Дух, која постојано треба да ја просиме од Бога, повикувајќи:

ГОСПОДИ, ПОМИЛУЈ!
Дај ми силен дух, духот на светлоста, духот на стравот, духот на мирот, духот на чистотата, духот на кротоста, духот на смирението, духот на љубовта. И кој со чувство довикува

“ГОСПОДИ ПОМИЛУЈ”
соединувајки ги овие зборови со дишењето, односно при вдишувањето на воздухот во себе произнесува

„ГОСПОДИ”

а при издишувањето

„ПОМИЛУЈ”

во него поради таквото изговарање се осветува и очистува карактерот, совеста, душата и срцето, и тој ќе го добие просеното од Бога.

А кој пак, од навика ќе ги изговара овие зборови, тој нема да може да стекне милост од Бога, бидејќи веќе добил голема милост;
1- кога е создаден и кога постанал човек;
2- кога е пресоздаден со крштевањето и станувајќи христијанин;
3- кога се избавил од душевни и телесни беди, кои ги искусил во животот;
4- кога бил удостоен да се причести со Пречистите Тајни;
5-кога го огорчил Бога со своите гревови, и не бил казнет, а не бил ни свесен за тоа.

Како таквиот христијанин да добие уште милост од Бога, кога не знае и не чувствува дека добил многу милост од Него, и дека ги изговара овие зборови само следејќи го обичајот.

Старец Сава Псково-Печерски