Кога станува збор за суперинтелигенцијата, сите ги споменуваат имињата на Тесла, Ајнштајн или Хокинг.Сепак, според некои тврдења, никој од нив не е на врвот на листата на најинтелигентни луѓе во историјата. Првото место го држи човек чие име малкумина го знаат – Вилијам Џејмс Сидис.
Најпаметниот човек што чекорел по Земјата: На 11 години им држел предавања на професори на Харвард, имал IQ 250 и трагична судбина
Овој Американец со украинско потекло, роден на 1 април 1898 година во Њујорк, уште како дете покажувал извонредни математички и јазични способности. Дури по неговата смрт, се појавуваат информации дека се работи за најбрилијантниот примерок кој човечкиот род некогаш го родил. Неговиот IQ е проценет меѓу 250 и 300. Да потестиме, норамлиот IQ кај просечниот човек е меѓу 90 и 110. За дел од генијалноста сигурно се заслужни и гените, со оглед на тоа што двајцата родители му биле доктори на наука.
Под влијание на неговиот татко Борис, доктор по психологија, Сидис ги развивал потенцијалите до неверојнатни размери. Наводно, само на 18 месеци знаел да чита, а веќе на 8 години читал „Њујорк тајмс“, а на 8 години зборувал латински, грчки, француски, руски, германски, турски и ерменски, а дури измислил и нов јазик наречен „Vendergood“.
Имал само 11 години кога се запишал на Харвард, а неколку месеци подоцна им држел предавања од напредна математика на своите професори.
Во 1914 година дипломирал и го продолжил своето образование на Харвардскиот универзитет за уметности и науки и продолжил да биде професор на Харвард. Но, во 1915 година, група студенти му се заканувале, по што се одлучил да се префрли на друг универзитет во Хјустон. Таму држел часови по геометрија и математика, но повторно налетал на истиот проблем, односно на закани од студенти кои биле постари од него, бидејќи имал само 17 години. На овој универзитет се задржал помалку од 1 година.
Разочаран од кариерата како професор, се одлучил да го продолжи своето образование, но во правните науки. Студирал на Харвардскиот универзитет за правни науки две години, до 1919 година, кога повторно од непознати причини се одлучил да прекине. Истата таа година, бил уапсен во Бостон, бидејќи учествувал на протест организиран од социјалисти и бил осуден на 18 месеци затвор. На судот изјавил дека бил социјалист кој се спротиставувал на Првата светска војна.
Од 1921 година се преселил во Њујорк каде започнал да живее тивок живот, и во постојан страв од повторно апсење. На блиски пријатели им држел часови по американска историја. Пишувал статии за американската демократија, како и за придонесот на индијанското население во американското општество и демократија. Живеел мирен и тивок живот, во кој не успеал да ги оствари своите максимални капацитети, и да ги оствари предвидувањата од многу научници кои му предвидувале сјајна научна кариера уште како дете.
Сидис никогаш не се оженил и зборувал дека брак и семејство не го интересираат.
Починал во 1944 година во Бостон, на 46 години од мозочен удар.