Повеќе од 95 милиони Американци досега гласаа на претседателските избори во 2020 година, според податоците на Универзитетот на Флорида, што е најголем од одзив на предвременото (рано) гласање во модерната ера во САД.

Само еден ден пред изборите, веќе гласаа 69 проценти од вкупниот број гласачи во 2016 година.

.Исклучително големиот број гласови испратени по пошта и рано лично гласање беа поттикнати од пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 230.000 луѓе во САД.

Според анкетата спроведена од Ројтерс и Ипсос од 27 до 29 октомври, кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, води во однос на сегашниот претседател, Доналд Трамп, со 51 наспроти 43 проценти.

Но, резултатот е сè уште неизвесен во државите што одлучуваат за избори преку Изборниот колеџ, вклучувајќи ги Аризона, Флорида и Северна Каролина.

Голем број приврзаници на Трамп се очекува да гласаат лично, на денот на изборите, откако тој изрази сомнеж за гласање по пошта.

Во пресрет на изборите, Трамп ќе одржи пет митинзи во Северна Каролина, Пенсилванија, Висконсин и Мичиген.

Џо Бајден ќе ги посети Пенсилванија и Охајо.

Иако Бајден води во анкетите, трката во т.н. колебливи држави (каде е неизвесно за кого ќе се гласа) е тесна, па Трамп би можел да освои 270 електорски гласови потребни за победа.

Речиси 138 милиони Американци излегоа на гласање во 2016 година, но победата на Трамп беше обезбедена со нешто повеќе од 80.000 гласови во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Секоја држава делегира во Изборниот колеџ онолку електори колку што и припаѓа, пропорционално на бројот на жители. Вкупно има 538 електори, што е бројка која одговара на бројот на конгресмени и сенатори во американскиот парламент.

Калифорнија е најнаселена американска држава и има најмногу електори (55), следена од Тексас (38), Њујорк и Флорида (по 29).

На другиот крај на спектарот, ретко населените држави како Алјаска, Вермонт, Делавер, Вајоминг или Монтана имаат само по тројца електори.

Кандидатот кој ќе освои 270 електори, односно апсолутно мнозинство од 538, победува на изборите.

Со два исклучоци, во федералните држави владее принципот „победникот носи сè“ – кандидатот што ќе освои мнозинство гласови во таа земја, дури и со најмала можна разлика, ги освојува сите нејзини електори. (Исклучоци се Небраска и Мејн, кои ги делат електорските гласови пропорционално на бројот на освоени гласови.)

И демократите и републиканците имаат сојузни држави кои се нивни традиционални упоришта и кои практично не можат да ги загубат. Ова се таканаречените „сигурни“ држави. Резултатите од изборите од тие држави познати однапред, или барем така беше до неодамна.

Затоа, неизвесноста во суштина се сведува на т.н свинг држави, т.е. „неодлучни“ држави во кои не се знае кој може да победи.