Американскиот претседател Доналд Трамп твитна денеска дека го разрешил Марк Еспер од функцијата секретар за одбрана.
Трамп на Твитер објави дека Кристофер Милер, директор на Националниот центар за антитероризам ќе биде нов секретар за одбрана.
Претседателот на САД му се заблагодари на Еспер за досегашната работа.
Нема објасување зошто Трамп го презел овој потег по завршување на изборите.