Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилените акциски контроли во сообраќајот, само на територијата на град Скопје биле изречени 217 мерки.
Од нив, 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, седум за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, а 11 за некористење сигурносен појас.
-Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.
Оттаму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.