Главниот словенечки епидемиолог, Марио Фафангел, ја напушти работната група на Министерството за здравство, која ја советува владата за мерките за борба против Ковид-19, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Шефот на Центарот за инфективни болести при НИЈЗ, Фафангел, го информирал министерот за здравство Томаж Гантар за неговата одлука и ги објаснил своите причини, но нема намера да даде јавно објаснување, јави словенечката агенција СТА.
Фафагел неодамна за политичкиот неделник „Младина“ изјави дека не се согласува со некои ограничувања наметнати од владата, но истакна дека во целост се потребни строги мерки за борба против епидемијата.
Во групата има четири члена на НИЈЗ, а засега не е познато кој ќе го замени Фафангел.