Словенечката управа за безбедност на храна, ветеринарен сектор и заштита на растенијата ја прогласи цела Словенија за високоризична област поради појава на птичји грип. Одлуката е донесена откако беше утврден трет случај на таа болест во државата.

Првите два случаи беа откриени во крајбрежниот град Пиран, а третиот во Љубљана кај лебеди, поради што Управата им нареди на одгледувачите на живина да преземат заштитни мерки, јави СТА.

Министерството за земјоделство, шумарство и храна издаде и наредба на одгледувачите доследно да ги спроведуваат сите превентивни мерки и да го зајакнат надзорот врз животните.

Птичјиот грип е многу заразна болест на која се подложни сите видови птици и се пренесува преку контакт на здрави со болни птици, но и преку живинарски продукти кои не биле доволно термички обработени.

Иако луѓето не можат да се разболат, тие можат да ја шират болеста преку чевли, опрема и превозни средства.