Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека во хеликоптерска несреќа што се случи над француските Алпи пет лица го загубија животот, додека едно е повредено и се бори за живот.
Хеликоптерот превезувал воздухопловен спасувачки екипаж, кој бил на обука, и се урнал од висина од 1.800 метри, наведуваат локалните власти.
Еден од пилотите ја активирал функцијата за исфрлање со седиштето и со тоа успеал да ги извести властите за несреќата, пренесуваат британските меидуми.
Во хеликоптерот имало двајца пилоти, двајца техничари и двајца спасувачи.
Властите испратија три хеликоптери, што не можеа да се приближат до местото на несреќата поради магла, а спасувачките служби, исто така, се обиделе да пристапат по копно, се вели во соопштението од покраината Савој.
Француската агенција за несреќи во воздушниот сообраќај соопшти дека отворила истрага и дека ќе испрати својот тим на местото на несреќата.