Турција ќе ја добие првата пратка од вакцината против коронавирусот на Синовак од Кина пред четврток, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција се договори да купи до 50 милиони дози од вакцината на Синовак и требаше денеска да ја добие првата испорака од три милиони дози.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча вчера изјави дека испораката на првата пратка вакцина на Синовак е одложена за неколку дена поради случај на коронавирус во царината во Пекинг.

Анкара исто така ќе набави 4,5 милиони дози од вакцината развиена од Бионтек и Фајзер, со можност подоцна да добие уште 30 милиони дози.