Во заедничка акција, Федералната служба за безбедност на Русија и Управата за борба против наркотици на САД откриле криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Русија и Европа.
Во акцијата запленети 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над 11,06 милиони евра.
Припадниците на криминалната мрежа се приведени и против нив е поведена кривична постапка, пренесува ТАСС.
Првата фаза од заедничката операција на Федералната служба за безбедност на Русија и Управата за борба против наркотици на САД била спроведена во мај годинава, кога едно лице беше фатено во Санкт Петербург со килограм кокаин.
Во јуни, членови и еден од водачите на криминалната група беа уапсени откако се обидоа да продадат 34 килограми кокаин.
Во последната фаза од операцијата во ноември, во московскиот регион се пронајдени најмалку 295 килограми кокаин.