Бројот на смртни случаи во Латинска Америка и Карибите од Ковид-19 е над 500.000, а случаите се искачија над 15 милиони во време на празници, според податоците од официјалните извештаи на владите.

Повеќе од една третина од случаите се регистрирани во Бразил, најголемата земја во Јужна Америка.

Повеќе од една четвртина од смртните случаи во се во Мексико, каде, како и во Бразил, а се поголемиот број хоспитализации го принудија Мексико Сити во полузаклучување.

Бразил регистрираше уште 58.718 дополнителни потврдени случаи во изминатите 24 часа, заедно со 1.111 смртни случаи од Ковид-19, соопшти Министерството за здравство синоќа.

Бразил регистрирал скоро 7,6 милиони случаи од вирусот од почетокот на пандемијата, додека официјалниот број на смртни случаи се искачи на 192.681.