Министерот за здравство, Венко Филипче дел од новогодишната ноќ ја мина работно на Клиниката за неврохирургија. Тој оперирал пациент со тумор на мозокот.
-Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!, порача Филипче.