Во текот на изминатото деноноќие санкционирани се 322 граѓани кои не носеле лична заштита на лицето.

Министерството за внатрешни работи, кое утринава информираше за прекршоците, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со пандемијата.