Џулијана Карлос објави пост на Инстаграм, каде се извини за инцидентот на вчерашниот натпревар меѓу Атланта и Лос Анџелес лејкерс.
Карлос беше една од четворицата фанови кои беа отстранети од првиот ред поради конфликт со напаѓачот на Лејкерс, Леброн Џејмс.
– За време на вчерашниот натпревар ситуацијата нагло ескалираше и сакам да се извинам што ја изгубив присебноста. Мојот сопруг е голем љубител на спортот, ние сме емотивни луѓе, а да бидеме искрени, спортот не би бил спорт без такви емоции. Она што требаше да биде брза размена на истрели помеѓу двајца возрасни, излезе од контрола и се појави мојот природен инстинкт да го бранам својoт партнер.
Дали влегов во одбранбен став кога се случи ова? Да. Дали користев вулгарности кога можев да се однесувам подостоинствено? Да. И јас сум целосно одговорна за сето овa, напиша Џулијана.