Протерувањето на германскиот дипломат од Москва е само уште еден чекор назад од владеењето на правото, е оценката на германската канцеларка Ангела Меркел, која ја искритукува денешната одлука на руските власти да протера тројца ЕУ дипломати.

Таа на прес-конференција, по видео-средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, што им беше посветен на одбраната и безбедноста, изјави дека смета дека протерувањето е неоправдано, пренесуваат британските медиуми.

-Веста за протерувањето ја добивме за време на состанокот, рече Меркел.

Русија денеска соопшти дека протерала дипломати од Шведска, Германија и Полска заради нивното наводно учество во незаконските протести во Москва против апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.