Полицијата на хаити уапсила повеќе од 20 лица, вклучувајќи и судија на Врховниот суд на оваа островска земја, соопшти денеска претседателот, Жованел Моиз, обвинувајќи ги уапсените за обид за негово убиство и соборување на владата.
Британските медиуми пренесуваат дека хаитската полиција, исто така, испукала солзавец кон демонстрантите кои барале оставка од Моиз и почитување на уставот.
Обраќајќи се од аеродромот во Порт Порт о-Пренс, Моиз кажа дека еден од уапсените е и судија на Врховниот суд, кој бил поддржан од опозициските лидери кои ја бараат неговата оставка.
Претседателот на Хаити додаде дека наводниот заговор против него почнал на 20 ноември, но не даде дополнителни детали или докази за тоа, освен што рече дека меѓу уапсените има и судија и генерален инспектор во полицијата.
Еден од лидерите на опозицијата во Хаити, Андре Мишел, на прес-конференција по апсењето повика на граѓанска непослушност и побара да биде уапсен претседателот. Мишел, кој е адвокат, рече дека апсењето на судијата на Врховниот суд, Ивикел Дабрезил, е незаконско бидејќи тој автоматски има имунитет.
Дебрезил е еден од тројцата судии кого опозицијата го фаворизира како потенцијален преоден претседател на Хаити.