АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЈА ПРЕИНАЧИ КАЗНАТА: За сообраќајката кај Млечен 2,5 години затвор

/ 09.02.2021

Апелациониот суд ја преиначи казната за сообраќајката кај Млечен ресторан и одлучи Васил Чорбаџиев да оди две години и два месеци во затвор, објави Курир.

Исто така доби и забрана да управува со возило.

Станува збор за сообраќајната несреќа од октомври пред две години што ја предизвика Чорбаџиев кога со неговиот автомобил преминал преку две полни ленти, вртејќи во забранет правец.

Во сообраќајката загина, Гоце Димитриевски кој во тој момент управувал со мотор.

Неговата сопруга Наташа се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот.

Лани во септември, првостепениот суд го осуди Чорбаџиев на условна казна што предизвика револт кај роднините на жртвите и кај целата јавност.

Пет месеци подоцна Апелација ја преиначи првостепената пресуда.


Од истата категорија