Често користениот третман за астма може да ја намали потребата за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 доколку лекот се дава во рок од седум дена, велат британските истражувачи.

Будесонид, кој „Астра Зенека ПЛЦ“ го продава под името Пулмикорт, а кој исто така се користи за лекување на белите дробови на пушачи, го намали времето што им треба на пациентите да се опорават од Ковид-19 и кога се даваат во инхалациска форма, велат од Универзитетот во Оксфорд.

Студијата, која траела 28 дена, опфатила 146 пациенти и покажала дека вдишувањето будесонид го намалува ризикот од потреба од болничко лекување за 90% во споредба со обичната здравствена заштита, според овој универзитет.

Научниците одлучија да го спроведат ова истражување врз основа на фактот дека пациентите со хронични респираторни заболувања, на кои често им се препишува инхалирање со стероиди, биле значително помалку хоспитализирани поради „Ковид-19“ во раните денови на пандемијата.

Првичните податоци од оваа студија покажаа дека волонтерите кои земале будесонид брзо ја лечече температурата и имале помалку трајни симптоми.

„Мило ми е што релативно безбеден, широко користен и добро проучен лек може да влијае на притисокот на кој сме изложени во оваа пандемија“, изјави Мона Бафадел, која ја водеше студијата, која сè уште не ја минала реценизјата.

Пулмикорт беше добро познат лек од АстраЗенека, еден од производителите на вакцина против „Ковид-19“, а денес на пазарот се нуди нов лек „Симбикорт“, како алтернатива за лекување на астма.