Снегот кој од изутрината  паѓа им создаде проблеми на возачите од Пијанечко-малешевскиот регион. Поради лизгавиот коловоз, на дел од улиците во Делчево, забележливи се „застранети“ возила, при што во еден од случаите, на улицата „Методија Митевски – Брицо“, дојде и до судир помеѓу две возила. Поради ова, извесен период, сообраќајот на оваа улица беше во прекин. Од полицијата со апел возачите без соодветна зимска опрема во своите возила, да не се движат низ снежните улици.
-Во незгодата нема повредени лица. Материјалната штета допрва ќе се утврдува. Она што можеме да го апелираме до возачите е да внимаваат на лизагавиот коловоз и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. За оние возачи и возила кои ќе бидат регистрирани без соодветна зимска опрема ќе следуваат соодветни санкции, истакнаа од делчевската полиција.
Во меѓувреме снегот создаде проблеми и на патните правци Делчево – Македонска Каменица – Кочани и Делчево – Берово. Најголеми проблеми како што јавуваат возачи се забележани кај месноста Крива Круша пред Пехчево и село Луковица на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска Каменица.
Од „Македонија пат“ известија дека нивни екипи се веќе на терен и работат на расчистување на снежните наноси. Оттаму апелираа на внимателно возење согласно условите на патот.