Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл ќе имаат уште едно дете, потврди синоќа нивниот гласноговорник.

Тој рече дека „може да потврди дека двегодишниот Арчи ќе стане постар брат“, пренесува „Гардијан“. Арчи е првото дете од бракот на принцот Хари и Меган Маркл.

– Војводата и војвотката од Сасекс се многу среќни што ќе имаат уште едно дете, додаде претставникот.