Серија А има нов лидер во поредокот, откако Интер синоќа го победи Лацио со 3:1 и го искористи саботниот „кикс“ на Милан кој остана без бодови (0:2) на гостувањето кај Специја.
Така, Милан ја загуби водечката позиција на која се наоѓаше од 4. до 21. коло во Италијанското фудбалско првенство.
Сега, тимот на Антонио Конте е прв со 50 бода, додека Милан е втор со 49.
Последен пат Интер стана шампион на Италија во сезоната 2009/10.