Играчот за врска на Тотенхем, Сон Хеунг Мин, го пофали соиграчот Герет Бејл по натпреварот против Волфсбург во Лигата на Европа (4:1).

-Бејл и јас имаме навистина блиски односи. Мило ми е што доби време за игра и беше во можност да постигне гол и да асистира денес. Навистина уживам да играм со него, изјави Сон.

Доброто издание на Бејл доаѓа по тежок период во Тотенхем и речиси изгубена доверба кај тренерот Жозе Мурињо кој ретко му дава минутажа во Премиер лигата.