САД се во процес на повторна проценка на пристапот кон Кина, но царините наметнати за кинески стоки од страна на владата на поранешниот претседател Доналд Трамп засега нема да се променат, изјави за телевизијата Си-Ен-Би-Си, американската секретарка за финансии, Џенет Јелен.
– Засега ги одржуваме тарифите што беа воведени од администрацијата на Трамп…и понатаму ќе процениме што сметаме дека е соодветно, изајави министерката, додавајќи дека САД очекуваат Кина да се придржува до своите трговски обврски.
На прашањето дали тарифите функционираат, Јелен првично покажа неувереност, но потоа рече: „Ќе видиме“.
Минатиот месец Белата куќа соопшти дека ќе ги разгледа мерките за национална безбедност усвоени од поранешниот претседател Доналд Трамп, вклучително и времениот трговски договор со Кина.