Посетата на папата Франциск на Ирак нема да биде одложена, иако амбасадорот на Ватикан во Ирак, кој требаше да игра важна улога при неговото доаѓање во земјата најавено за следната недела, е позитивен на коронавирусот.
Амбасадорот, надбискупот Митја Лесковар, кој требаше да биде клучна личност за време на посетата на Папата од 5 до 8 март, изјави дека тој и уште неколку членови на Амбасадата на Ватикан во Ирак кои се позитивни на вирусот се чувствуваат добро и се во самоизолација.
Лесковар рече дека поради нивната болест, програмата на Папата нема да биде одложена и дека сè ќе се одржи според планираното.
Предвидено е папата Франциск во петок да ја започне четиридневната посета на Ирак, прва посета на оваа земја на еден папа по долго време.
Папите Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти не можеа да го посетат Ирак од безбедносни причини, а бидејќи оваа посета на папата Франциск е планирана уште во декември, нема да се одложи доколку епидемиолошката состојба во Ирак го дозволи тоа.