Во Европската унија се стравува дека новата италијанска влада би можела сериозно да ја потресе евро зоната и целата Унија.
Стравот се јавува поради програмата на владата за отфрлање на политиката на „стегнат колан“ и вложувања во раст на стопанството, дури и по цена на зголемување на јавниот долг кој е втор во Европа по големина, после тој на Грција, и зголемување на буџетскиот дефицит.
Владата која е формирана од Движењето пет ѕвезди и Северната лига, покрај тоа, бара и протерување на половина милион мигранти од Италија, а во нејзината програма стои и обнова на односите со Русија и рускиот претседател Путин, зашто Москва е „стратешки соговорник“ на Рим и Европа за светските жаришта како Сирија и Либија.
Во програмата на владата, интересно, стои и дека во нејзе ќе нема место за масони.
Италијанските и европските аналитичари сметаат дека до победата на двете партии на изборите во Италија дојде поради тоа што тие во кампањата ветуваа дека ќе сторат се за да го урнат досегашниот поредок на крајно корумпирани и бирократизирани партии.
Истражувањата на јавното мислење покажале дека Италијанците гласале за сегашната влада и затоа што „тие досега не можеле да ги лажат“, но и затоа што жестоко ја критикувале „бриселската бирократуја“, која за другите наметнува штедење на сметка на сопственото богатење и богатење на банките и досегашните тајкуни и олигарси.
Тоа што ги загржува тие во брисел, каде се смета дека сега е моментот економски и финасиски да зајакне еврозоната, е фактот дека италијанската влада поради своите ставови кон ЕУ може да добие поддршка на слични партии и сили и во други држави од Еу, а итовремено да стане и двигател и пример на тие партии и сили, посебно ако има успех во својата работа.