Киносалите во Округот Лос Анџелес – најголемиот филмски пазар во Соединетите Американски Држави, би можеле да бидат отворени во понеделник, првпат по една година, соопштија тамошните власти.
Кината засега ќе работат со 25 отсто од капацитетот на публика како дел од тековните мерки на претпазливост заради спречување на ширењето на Ковид-19. Киносалите во Њујорк веќе ги отворија вратите, исто така, со капацитет од 25 насто, на 5 март. Холивудските студија ги одложуваа големите премиери во 2020 година, или пак, ги пренасочуваа кон стрим-платформите.
Големите кинодистрибутери во САД, како што се А-ем-це и Синемарк, коишто беа силно погодени од долгото затворање и неработење, сега се надеваат дека ќе имаат поуспешно лето – вообичаено нивната најпрофитабилна сезона.
Првиот високо-буџетен акционен филм од холивудскиот распоред за 2021 година. е „Црната вдовица“ од „Волт Дизни“, чијашто премиера е на 7 мај. Други филмови што се очекуваат ова лето се продолженијата на „Брзи и бесни“ и – „Топ Ган: Маверик“ – повторно со Том Круз во главната улога.