Поранешната привремена претседателка на Боливија, Жанин Ањез е уапсена и ќе и се суди за соборување на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес во ноември 2019 година, објави владата на таа земјаБоливискиот министер за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо го потврди апсењето на Ањез на својот профил на Твитер.

„Ги информирам луѓето во Боливија дека г-ѓа Жанин Ањез е веќе уапсена и моментално е во рацете на полицијата“, напиша Кастиљо.

Веста за апсењето на Ањез беше објавена неколку часа откако двајца обвинители, кои се занимаваат со случајот со жалби против одговорните за пучот, издадоа налог за нејзино апсење, објави „Спутник“.

Засега не е позната локацијата на апсењето на екс претседателката Ањез..