Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави рекорд во НБА-лигата, откако утрово на мечот против Голден Стејт (128:97) имаше двоцифрен ефект во три статистички категории.

Триесет и шестгодишниот Американец стана првиот кошаркар кој постигнал 10 трипл-дабл на возраст од 35 години или повеќе. Џејмс натпреварот со Јута го заврши со 22 поени, 10 скока и 11 асистенции.

Леброн е четирикратен шампион во НБА и двократен олимписки шампион.