Претседателот на САД изрази увереност дека ќе разговара со Владимир Путин „некогаш“, но не кажа конкретни датуми, одговарајќи на поканата на рускиот претседател за дуел „во живо“. 

-Убеден сум дека некогаш ќе разговараме, изјави Бајден, а на Твитер соопшти новинарка на Блумберг. 

Прашан за нови санкции против Русија, претседателот одговори дека санкциите „ќе настапат своевремено“.  

Во дополнение, прашан за тензичниот разговор на денешната американско-кинеска средба во Енкориџ, претседателот одговори „горд сум на на државниот секретар“.