Седумкратниот шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон зборуваше за своите планови по пензионирањето.
– Сега живеам во градот на соништата, каде што живеат сите други тркачи – во Монако, но имам куќа во Англија. Чекам да се заврши. Конечно ќе имам место што можам да го наречам свој дом. Подобро е отколку да се живее во хотели, бидејќи поголемиот дел од нашето време го поминуваме во хотели. Се надевам дека оваа куќа ќе стане нешто посебно за мене. Ќе стане место каде што ќе можам да примам роднини и во иднина ќе основам семејство и ќе живеам таму, изјави Хамилтон за „Motorsportweek“.
Актуелниот договор на 36-годишниот Британец со Мерцедес важи до крајот на сезоната 2021 година.