Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда, пренесува „ESPN“.
Играчот се здоби со повреда на раката на саботниот натпревар против Лос Анџелес клиперс на гостински терен. За време на натпреварот, Бол лошо падна на подот и го помина остатокот од играта со завој. Со магнетна резонанца е откриена фрактура на коска во десниот зглоб.
Бол беше избрана за трет пик на НБА-драфтот во 2020 година.
Оваа сезона 19-годишниот кошаркар има просек од 15,9 поени по натпревар, остварувајќи 5,9 скока и 6,1 асистенција.