Поразителни резултати, 30% од тестираните во текот на изминатото деноноќие се заразени со КОВИД 19, дури 30 мртви поради корона за 24 часа, полицискиот час на Филипче не дава резултати, потребни се протоколи и систем кој ќе функционира.
Власта задоцни со сите мерки. Полицискиот час како таков не дава резултати, ниту ќе даде! Потребен е систем и протоколи кои ќе се применуваат и власт која ќе знае да ги спроведе.
Сега имаме протоколи кои не се почитуваат, институциите се полни, нема систем. Граѓаните се тие кои ја плаќаат цената.
Владата и Филипче немаат план и тоа е загрижувачки и алармантно.
Вакцинацијата која до сега требаше да биде во напредна фаза не е ниту почната за оние кои што сакаат да бидат вакцинирани. Филипче најавуваше вакцинација во февруари, сега сме крај на март, а вакцини нема. И сето ова ни се случува додека во регионот и светот масовно се вакцинира.
И додека се им бега од контрола. Заразата се шири, единствено што им е во главата е политикантство, наместо да се грижат како да излеземе од оваа здравствена голгота, тие туркаат попис, кој ќе значи катастрофални бројки на заразени.
Ваквите бројки ја прават државава рекордер по број на мртви, и на последно место по ефикасноста во справување со заразата.
Потребни се оставки, оставка на Филипче, инаку ќе станува уште полошо. Државата нема време за неговите лаги. Потребна е акција.
Власта нема разум и делува политички и за ситни политички поени. Од нивната желба за себе промоција народот умира. Доста е!