Полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба од Основен суд Тетово, го лишиле од слобода В.Б. (21) од село Церово, кој се барал за издржување казна затвор.

Како што соопшти МВР, лицето е приведено вчера во 13.40 часот во Церово и спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на затворската казна.