Германската Влада сака да продолжи да го поддржува Авганистан дури и откако ќе ги повлече своите трупи оттаму подоцна годинава, изјавија двајцата министри од владиниот кабинет во своите размислувања објавени денеска, пренесе ДПА.
-Воената операција секогаш беше само еден елемент на нашата посветеност, рече шефот на дипломатијата, Хајко Мас, за весниците од германската медиумска групација „Фанке“.
„Ние и во иднина ќе продолжиме со нашата цивилна поддршка во земјата, бидејќи создавањето добри и безбедни изгледи за Авганистанците е во наш европски интерес“, рече Мас.
Првот германски дипломат кажа дека неговата земја дополнително ќе ги интензивира своите напори за поддршка на авганистанските интерни мировни преговори и ќе ги седне страните во повеќедеценискиот конфликт на преговарачката маса.
Мас овој процес го оцени за „тежок“, но додаде дека „тоа е најперспективниот начин за одржливо и стабилно решение“, пренесе ДПА.
Експертите предвидуваат девастирачка граѓанска војна доколку завојуваните страни не успеат да постигнат политички договор пред целосното повлекување на меѓународните сили.
Министерот за развој Герд Милер, исто така, го истакна продолжувањето на поддршката за граѓанскиот развој „со ревидиран концепт и строги услови“.
Милер, „повеќе од порано“ сака во Авганистан да ги вклучи невладините организации, ја пренесоа весниците од групацијата „Функе“ неговата идеја за доближување на завојуваните страни во Авганистан.
Според Министерството за развој, во Авсгнистан има околу 1.300 лица кои работат за околу 40 проекти.
-На луѓето им треба перспектива на лице место, ако сакаме да спречиме прилив на бегалци, нагласи тој, додавајќи дека локалниот персонал е клучен за спроведување на проектите.
Минатата недела, НАТО одлучи да ги повлече своите трупи од Авганистан. Американската администрација го потенцираше 11 септември за датум на повлекување, но, исто така, се дискутира и за 4 јули.