Павле ТРАЈАНОВ

Не може од Фејсбук да се гради политика.
Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник.
Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација.
Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.
Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара.