Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот спроведени вчера на територијата на Скопје се изречени 170 мерки, од кои 84 за возење повеќе од дозволената брзина, а 45 за прекршоци на возачи на мотоцикли.
Единаесет санкции се за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас и три санкции за непрописно паркирани возила.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува Министерството за внатрешни работи во соопштение.