Пожарот што попладнево избуван над селото Галичник е ставен под контрола, објави Месната заедница Галичник на Фејсбук.
– Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република … Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа. Вечерва во Галичник имаме гости – специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив!, се наведува во објавата.
Според истиот извор, пожарот над хотел „Неда“ е комплетно угаснат, а екипите интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење, при што на Укален се гаснат последните остатоци од пожарот, а утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера.
– Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително. Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција!, се додава во објавата.
Претходно, Центарот за управување со кризи информира дека хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер.
– Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар, се наведува во соопштението.
ЦУК информира дека информација за шумски пожар над селото Галичник ја добил денеска околу 13:30 часот. Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.
ЦУК соопшти и дека за случајот се известени и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.
Се разбира и оваа непогода не можеше да помине без сцени и скандали, па на социјалните мрежи се прошири видео како пожарникарското возило морало да биде шлепувано за да стигне до потребното место.
Пожарникарскиот камион кон Галичник морал да биде влечен со друго возило за да стигне до пожарот кој попладево избувна над селото, и кој засега сè уште не е локализиран.
П