На територија на градот Скопје вчера беа изречени вкупно 118 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР.

Од нив, 39 се изречени поради непрописно паркирани возила, а 30 поради возење повеќе од дозволената брзина.

Тринаесет санкции се изречени за возење без возачка дозвола, а 11 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон и 39 за непрописно паркирани возила.

Од МВР појаснуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.