Деновиве сме сведоци на набавката на веројатно најскапото противпожарно возило во Европа со скала долга 42 метра. На една од прес конференциите беше посочено дека во мојот мандат се набавило само едно противпожарно возило. Со моето доаѓањето како градоначалник на Градот Скопје затекнавме сериозни проблеми и недостатоци, но народот ве избрал за да ги решавате проблемите не за да се жалите. Започнавме веднаш со модернизирање на Бригадата за противпожарна заштита со цел да се унапреди и подобри квалитетот на пожарникарот во полесно справување на сите нивни предизвици за кои се надлежни како пожари, поплави, хемиски и биолошки инциденти и други несреќи, пишува поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

-Со цел објективно информирање на јавноста би сакал да споделам со вас што се е направено за противпожарната заштита во Град Скопје:
-Набавено специјално навално противпожарно возило МАН со средства обезбедени од Градот Скопје. Возилото е со сите европски норми кои и до ден денес преставува гордост на единицата и за жал сеуште е единственото вакво противпожарно возило во Македонија;
-4 специјални противпожарни возила ДАФ од Владата на Р. Македонија во соработка со Градот Скопје;
-1 специјално шумско противпожарно возило БРЕМАЧ и 1 специјално противпожарно возило TOYOTA од Владата на Р.Македонија во соработка со Градот Скопје;
-1 Командно возило Дачија Дастер и неколку теренски возила Лада нива;
-2 моторни професионални чамци со комплет опрема за спасување на вода;
-Изградена нова кула за тренинг и обука на пожарникарите за спасување од височина;
-Набавен симулатор за пламени удари за обука на пожарникарите во реални услови;
-Набавка на нова најсовремена дигитална телекомуникациска опрема ТЕТРА и истата е компактабилна со МВР за полесна комуникација на цела територија во Р.Македонија
– Набавен е разгласен систем;
-Набавена е комплета на професионална заштитана опрема за пожари во урбани и шумски средини како и за различни временски услови за сите пожарникари;
-Во 2017 година, изграден за првпат после 35 години, нов најсовремен противпожарен центар во Ѓорче Петров, како и после повеќе од 30 години експлотација за прв пат Комплетно реновирани (санитарни јазли,канцеларии,кујни,мебел,душеци и постелнина во сместувачките капацитети, информатичка опрема, клима уреди, ПВЦ прозори и врати итн) се останатите подцентри во Тафталиџе, Битпазар, Драчево и Автокоманда со што се подобрени условите за вработените во единицата.
-Исто така направивме подготовка за нов подцентар во завршна фаза ,простор кај фабриката АД Цементарница – Усје со кои имавме за цел да ја зголемевме безбедноста на граѓаните во тој дел од градот. За жал ова и после четири години не е реализирано;
-Замените противпожарните врати на гаражите во центар Автокоманда,подцентар Битпазар;
-Набавка на 6 професионални пумпи за вадење на вода, 4 со голем капацитет од 9.000м3 во минута и 2 специјални противпожарни пумпи;
-Набавени 3 сета на хидрауличен алат за интервенции од собраќајни незгоди од кој едниот е единствен батериски преносен алат во државата со голем капацитет и се разликуваат од другите;
-За првпат набавена и единствена во Р. Македонија професионална противпожарна термо камера за пребарување и спасување од зачаден простор;
-Набавка на 250 професионални противпожарни шлемови и подкапи со батериски ламби за секој вработен;
-Обезбедена донација од европски проект за обука на пожарникарите од радициона,хемиска,биолошка и нуклеарна заштита во вредност од 82.000.00 евра;
-Набавена професионална фитнес опрема за вежбање на пожарникарите , кои беа физички подготвувани од професор по физичка култура кој вие го избркавте од работа;
-Кадровски беше зајакната единицата со вработување на 55 нови пожарникари;
-Добивме донација на противпожарна опрема од збратимениот град Нирнберг,СР Германија. Станува збор за 120 изолациони апарати за дишење (DREGER) на нормален притисок,100 маски за дишење(AUER3S),30 изолациони апарати за дишење (DREGER PA 94),80 композитни шишиња од 6,9 литри на 300 бари,450 челични шишиња за притисок од 300 бари,како и 300 звучни апарати за предупредување опасност од смрт;
-На 26 јануари 2017 со одлука на советот на Град Скопје донесовме одлука за набавка на 2 специјални противпожарни возила и истата постапка беше прекината со доаѓање на Шилегов за градоначалник, а досега ќе беа набавени и во функција за граѓаните. На истата таа седница советот донесе и одлука за набавка на 25 изолациони дишни апарати ;
-Учество на разно разни обуки од повеќе области на пожарникарите меѓуинституционално во Р.Македонија како и надвор од Р.Македонија во кои се усовршуваа нивните знаења
Можеби и нешто испуштив или сум изумил да го споменам но целта секогаш ми била да се обезбеди квалитетна противпожарна заштита на Град Скопје, пишува Трајановски.