Германија до 7 јуни ќе заврши со вакцинирањето на ранливите групи и ќе им овозможи на сите возрасни лица бесплатно да се вакцинираат, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
-Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни, рече Шпан, посочувајќи на постојните логистички проблеми.
Меѓутоа, тој го повтори ветувањето на владата дека секој граѓанин што сака да се вакцинира ќе може да ја прими вакцината во текот на летото.
Министерот за здравство додаде дека властите дискутираат кога и како да се дозволи вакцинацијата на децата и младите на возраст од 12 до 16 години.
Европската агенција за лекови (ЕМА) има намера во јуни да ја одобри вакцината Фајзер/БиоНТек за оваа наведена возрасна група, а можеби дури и подоцна во текот на овој месец.