Агенцијата БГНЕС, која имала увид во документот што во Софија го презентираа португалскиот министер Силва и комесарот за проширувње Варехеи, објави дека со предлогот се предвидува Македонија да прифати дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година.

Меѓутоа, агенцијата потсетува дека ваквиот предлог не ги задоволува во целост бугарските позиции бидејќи според официјална Софија проблемот не е во датумот на кодификација, туку во потеклото на јазикот, а тој клучен момент го нема во предложениот документ, пишува во анализата на БГНЕС.

Понатаму се додава и дека властите во Скопје треба да изготват акциски план, односно патоказ преку кој низ Процесот за стабилизација и асоцијација ќе се следи спроведувањето на Договорот за добрососедство.