Екиpата на Вердер попладнево на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 4:2 во последното коло од Бундеслигата и сезоната ја заврши на претпоследното, 17. место.

Клубот од Бремен ја напушти Бундеслигата по втор пат во историјата.

За прв пат на клубот ова му се случи на крајот на сезоната 1979/80. Тогаш исто така заврши на 17. место.

Во сезоната 1980/81, Вердер Бремен беше најдобар во Втората лига и се врати во елитното германско натпреварување.