Саудиска Арабија планира да засади десет милијарди дрвја како дел од амбициозната кампања што ја почна принцот Мохамед Бин Салман.

Пустинското кралство соопшти дека овој потег е во согласност со намалувањето на емисиите на штетни гасови, борбата против загадувањето и оштетувањето на почвата, кои се закануваат во следните децении.

Бин Салман рече дека државата планира да ги намали емисиите на јаглерод диоксид со тоа што до 2030 година 50 проценти од енергија ќе ја добива од обновливи извори, јави весникот „Сан“.

Ријад исто така сака да соработува со други арапски земји на Блискиот исток и да засади дополнителни 40 милијарди дрвја, што според принцот би било најголемата програма за пошумување во светот.