Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот на Евреите и Арапите.

Демонстрациите во Тел Авив се само еден од протестите во бројни градови во Израел, со кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11 дена вооружени конфликти.

Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесетот, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел.

– Овде живеат два народа и двата имаат право на самоопределување, рече Одех.

Познатиот израелски писател Дејвид Гросман истакна дека „битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои од двете страни се обидуваат да живеат во мир и во чесна соработка и оние кои и на едната и на другата страна се хранат со омраза и насилство“.