Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за телевизија Русија 1 изјави дека изборот на град во кој би се одржала средбата помеѓу претседтелите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, е техничко прашање.
– Средбата е важна за да се извлечат билатералните односи од тажната ситуација во која се наоѓаат, посочи Песков.
Тој додаде дека кога Путин ќе донесе одлука за средба со Бајден ќе биде известена јавноста.
Путин и Бајден на 13 април имаа втор телефонски разговор посветен на состојбата на билатералните односи, а разговараа и за низа меѓународни прашања.
Претходно, Бајден му предложи на Путин да се сретне во Европа за да разговара за билатералните односи меѓу САД и Русија.