Седум лица се пренесени во болница по пожар што настанал во гаража во зграда во Охрид. Според информациите на полицијата, гореле три автомобили.

Пожарот се случил синоќа во 12.30 часот по полноќ. Во полиција било пријавено дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата Новопроектирана во Охрид.

Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар, поради задушување од чад, се пренесени во Медицинскиот центар Охрид за укажување лекарска помош.