Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби попладнево на гостински терен од Словенија со 3:0 (3:0) во последниот подготвителен натпревар на избраниците на селекторот Благоја Милевски спроти септемврискиот евроквалификациски циклус.
Домаќините веќе по првото полувреме ги решија дилемите околу победникот на мечот одигран во Кршко, со головите на Аљоша Матко (2 минута), Ник Прелец (7) и Тамар Светлин (44).
Македонската репрезентација до 21 година квалификациите за пласман на ЕУРО2023 во Грузија и Романија ќе ги почне на 2 септември против Франција, а во групата Х противници на „црвено – жолтите“ се и репрезентациите на Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија