Прекинат е фудбалскиот натпревар на Европското првенство меѓу репрезентациите на Данска и Финска, поради колабирање на еден од фудбалерите. Фудбалерот Кристијан Ериксен во текот на играта во 43 минута едноставно се сруши на тревата и неколку минути службите на брза помош го реанимираа играчот на Данска на фудбалскиот терен.

Последните фотографии кобјавени на социјалните мрежи покажуваа дека Ериксен е свесен.

29 годишниот дански фудбалер Ериксен е играч на фудбалскиот италијански клуб Интер.

Наскоро УЕФА потврди дека здравствената состојба на Ериксен е стабилна и е префрлен во болница во Копенхаген. УЕФА ќе треба да донесе конечна одлука околу натпреварот.