УЕФА соопшти вечерва дека здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилизирана и данскиот репрезентативец е хоспитализиран, откако колабираше на теренот во финишот на првото полувреме на натпреварот против Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020.
„Кристијан Ериксен дише и е контактибилен. Тој е во свесна состојба“, изјави неговиот агент Мартин Шуц.
Како што е соопштено, претставници на данската и финската репрезентација и организаторите на натпреварот на Копенхаген вечерва одржале состанок и побарале натпреварот вечерва да се доигра. Прво ке се доиграат пет минути од првото полувреме , а по пауза од пет минути да се одигра и второто, потврди УЕФА.
По ова УЕФА одлучи мечот да продолжи во 20 и 30 часот. Во моментов се игра 59 минута и резултатот е 0:0.