Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ги охрабри денеска своите соиграчи, порачувајќи им да се радуваат на претстојниот натпревар против Белгија од второто коло во Групата Б на ЕУРО2020.
Ериксен им се обрати на репрезентативните колеги преку видеоповик од болница во Копенхаген, во која беше хоспитализиран во саботата вечер, откако неговото срце престана да чука за време на натпреварот против Финска, а лекарите го реанимираа со дефибрилатор.
– Ни порача да одиме напред и да се радуваме на натпреварот в четврток. Тоа многу ни значи на сите … Тоа ми даде сила, изјави за локалните медиуми данскиот напаѓач Пјер-Емил Хојбјерг.
Според денешните извештаи, 29-годишниот Ериксен е во „добра и стабилна состојба“.
– Тоа ни остава впечаток дека сè е во ред да продолжиме. Ние навистина сакаме да играме во четврток, да играме за Кристијан и за сите, кои не поддржуваа, порача Хојбјерг.
Данска во првиот натпревар загуби од дебитантот Финска со 1:0, а Хојбјерг беше непрецизен од белата точка